„Франс фудбал“ ги прогласи вториот и третиот најдобар тим во историјата на фудбалот (Фото)

Со гласање на 140 новинари, „Франс фудбал“ го избра најдобриот тим на сите времиња, а секако има и такви кои не се согласуваат со изборот, вкусовите се различни, во секоја варијанта ќе имаше отсуство на многу великани, па магазинот со специјално жири кое го сочинуваат реномирани новинари, понуди и втор и трет најдобар тим во историјата.

Во вториот најдобар тим на сите времиња се: Буфон, Карлос Алберто, Барези, Роберто Карлос, Пирло, Рајкард, Зидан, Ди Стефано, Роналдињо, Гаринча и Кројф.

И третиот тим делува застрашувачки, иако можеби според имињата, и не е толку моќен како првиот и вториот. Во него се: Нојер, Лам, Серхио Рамос, Брајтнер, Нескенс, Диди, Иниеста, Платини, Бест, Анри и Ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести