Во последната вечер од квалификациите за СП во Катар се одиграа неколку навистина интересни натпревари.
Украина со победата над Босна и Херцеговина од 2:0, но и триумфот на Франција со истиот резултат на гостински терен против Финска обезбеди пласман во баражот за СП.
Украина на „Биљно поље“ славеше со головите на Олександар Зинченко (59′) и Артем Довбјук (79′).
„Триколорите“, пак, иако немаа резултатски мотив, излегоа со прилично силен состав, а стрелци на головите беа Мбапе и Бензема во второто полувреме.
Нашиот противник од групата на претходното ЕП, ќе игра во баражот, а идентично како и нас, ќе бидат во неносителската група.
Шанса за дебитантски настап на СП пропушти и Ерлинг Халанд, кој со својата селекција изгуби од Холандија со 2:0.
Халанд поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи од поразот од Лалињата.
Стивен Бергвајн и Мемфис Депај во 84-тата и 91-вата минута погодија за радост на домаќините, кои одат директно во Катар.
РЕЗУЛТАТИ:
БиХ – Украина 0:2
Црна Гора – Турција 1:2
Чешка – Естонија 2:0
Финска – Франција 0:2
Гибралтар – Летонија 1:3
Холандија – Норвешка 2:0
Велс – Белгија 1:1

