Франција ја доби репризата од мундијалското финале, Роналдо-шоу во Стокхолм (видео)

Франција со 4-2 ја доби пресметката против Хрватска пресликувајќи го резулатот од финалето на Мундијалот кој се одигра во Русија пред две години. Коцкестите први се заканија преку Ловрен во 17-тата минута, но веќе до паузата, Триколорите го свртеа резултатот на 2-1 преку Гриезман и автоголот на Ливаковиќ.

Брекало во 55-тата минута одново донесе неизвесност, која траеше само десетина минути, пред Упамекано да го запише дебитансткиот гол за Франција. Жиру од пенал во 77-мата минута ги постави конечните 4-2 за триумф на светскиот првак против вицешампионот.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1303419088115466242

Кристијано Роналдо имаше свое шоу во Стокхолм и со двата погодоци ѝ донесе победа на Португалија против Шведска од 2-0. Мегаѕвездата на Јувентус до својот 100-ти погодок во репрезентативниот дрес стигна на спектакуларен начин, со перфектен слободен удар од околу 25 метри го совлада Олсен во последната минута од регуларните 45 во првиот дел.

За печат на победата, Роналдо одново погоди во 72-рата минута, реализирајќи исто така одличен погодок.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1303427284225814528

Белгија го потопи Исланд со 5-1, а мечот Данска – Англија е единствен без погодоци во вечерашните пет средби од сегментот А во Лигата на нациите.

Останати резултати:

Кипар – Азербејџан 0-1

Луксембург – Црна Гора 0-1

Сан Марино – Лихтенштајн 0-2

- Оглас -

Најнови вести