Франција се врати од „мртвите“ и режираше неверојатна победа над Данска

Репрезентацијата на Франција режираше неверојатен пресврт и на крајот ја победи Данска со 30:29 и со тоа заврши на првото место во групата „1“.

Данска беше без Матијас Гидсел, Микел Хансен и Јеспер Јенсен, а херојот на Франција е Дика Мем, којшто постигна осум погодоци, а најголемиот дел од нив дојдоа во самата завршница.

Но, тоа не ги спречи Данците да играат одлично и да имаат водство кое траеше 57 минути, а тоа и во неколку наврати да изнесува и пет гола преднсот.

Сепак, Французите успеаја да режираат неверојатен пресврт и да дојдат до првото место во групата, додека Исланд на крајот ќе разигрува против Норвешка во мечот за петтото, односно шестото место.

- Оглас -

Најнови вести