Франција У18 доби дури четири црвени картони само за 20 минути, мечот мораше да биде прекинат (Видео)

Мечот меѓу Франција и Полска за играчи до 18 години беше прекинат во 77-мата минута, и тоа поради неверојатната недисциплина на младите играчи на Галските петли. Во 77-мата минута исклучен беше Дарнел Ерик Бил, кој настапува за Сент Етјен, откако прво остро стартуваше над противникот, а потоа и физички го нападна и го удри со глава.

https://twitter.com/i/status/1574049687207804929

Тоа беше четврто исклучување во составот на Франција, па судијата автоматски мораше да го прекине дуелот затоа што едниот тим остана само со седуммина на теренот.

Претходно, во временско растојание само од 20 минути беа исклучени уште тројца фудбалери на Франција.

„За некои од играчите нема да има враќање во националниот тим затоа што треба да сфатат некои работи. Други имаа исправен став и се обидуваа да ја смират ситуацијата. Јас како селектор ќе ги санкционирам оние кои заслужиле санкции“, рече селекторот на Франција У18, Бернард Диомеде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести