Француската фудбалска ѕвезда осудена поради сексуални злоставувања

Искусниот 33-годишен голгетер и некогашен репрезентативец на Франција, Висам Бен Једер, во судот во Ница е осуден на две години условна затворска казна поради сексуално злоставување. Бен Једер во последните пет години го носеше дресот на Монако, каде што во 201 меч постигната 118 погодоци. Минатата сезона ја заврши со 20 голови во првенството. Тој има и 19 настапи за француската репрезентација.

Неговиот договор со Монако истече на крајот од претходната сезона, а од клубот одлучија да не ја продолжат соработката со него. Збунувачка беше таа одлука од челниците на Монако ако се знае дека тој беше еден од најдобрите во тимот, но сега стана јасно зошто не го сакаат повеќе во својот клуб.

Во август 2023 година Бен Једер заедно со својот брат беа обвинети за силување, обид за силување и сексуално вознемирување. Обвиненијата ги поднесоа две девојки на возраст од 19 и 20 години.

Судот во Ница одлучи дека Бен Једер е казнет со две години условна затворска казна, дека треба да и плати 6.500 евра на жртвата, потоа казна од 6.000 евра, плус шест месеци ќе биде без возачка дозвола поради управување автомобил во алкохолизирана состојба.

- Оглас -

Најнови вести