Француски арбитар на оригинален начин се прости од активното судење (Видео)

Францускиот фудбалски судија Јоан Руансар, најде оригинален начин да им благодари на сите, откако го имаше својот последен судиски свиреж во кариерата. Руансар судеше на дерби двобојот од Лига 2 помеѓу на Мец и Брест, кој заврши со победа на домашните од 1-0.

Неколку секунди пред крајот на средбата, арбитарот ги собра сите играчи, го извади спрејот и на теренот напиша „Merci”, што значи благодарам.

Освен од фудбалерите на двата тима кои во следната сезона ќе бидат прволигаши, аплаузи за судијата имаше и од фановите на трибините.

Руансар, кој има 45 години, две и пол децении беше судија и делеше правда на повеќе од 600 официјални мечеви во кариерата.

Погледнете како изгледаше простувањето на Руансар:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести