Француски клуб на гостување во купот патуваше 16.000 километри – во еден правец!

Вечерва од 19 часот во францускиот фудбалски куп, се игра еден меч на кој гостите, екипата на АС Венус, за да стигне до местото на одигрување на средбата со Трелисак, мораше да патува во авион еден и пол ден.

„Проблемот“ е што Венус е тим од пацифичките острови Тахити, кои се територија на Франција и имаат право да играат во купот на Франција.

Од Франција до Француска Полинезија има 16.000 километри во еден правец, што значи дека Венус до гостувањето кај Трелисак, и потоа враќање назад дома, мора да мине неверојатни 32.000 километри.

Олеснителна околност за Венус е што во Трелисак пристигнаа пред две недели, па имаа време за аклиматизација и навикнување на огромната временска разлика од 11 часовни зони.

За четвртолигашот Трелисак, не е првпат да нагости тим од Тахити. Истата чест ја имаше и пред 20 години. Во францускиот куп игра и тим од островчето Мајот, кое се наоѓа помеѓу Мадагаскар и копното на Африка.

- Оглас -

Најнови вести