Француски тенисер објасни зошто Ѓоковиќ има повеќе „хејтери“ од Надал и Федерер

Искусниот француски тенисер Жил Симон застана на страна на Новак Ѓоковиќ во спорот со Рафаел Надал и Роџер Федерер околу здружението на тенисери. Новак во средината на годинава го организираше Здружението на играчи, кое е независно тело од АТП, па и самиот истапи од Собранието на играчи во кое останаа Федерер и Надал. Тие сметаат дека тенисерите не треба да се делат.

„И јас како Новак мислам дека тенисерите не се доволни застапени во АТП. Треба да бидеме подобро организирани. Постојат такви кои не го сакаат Ѓоковиќ или го мразат, но тоа е само затоа што е подготвен да заземе став. Надал и Федерер се однесуваат подипломатски, сите работи ги коментираат од дистанца, нив не ги интересираат политички работи и затоа минуваат полесно“, вели 35-годишниот Симон.

Симон, кој своевремено беше и во Топ 10 на светот, а сега е 63-ти, смета дека стилот на Федерер бил најимпресивен, дека Ѓоковиќ е најсилен, а лично Надал му е најдраг.

- Оглас -

Најнови вести