Француски ветеран го однесе Тигрес во полуфинале и испрати порака до Палмеирас (Видео)

Мексиканскиот тим Тигрес ќе биде противник на бразилски Палмеирас во полуфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во Катар. Тигрес како претставник на Средна и Северна Америка, во четвртфиналето со 2-1 го победи корејски Улсан Хјундаи кој е шампион на Азија.

Улсан поведе со гол на Ким Ки-Хе, но пресвртот дојде во финишот на првото полувреме и тоа со два гола на 35-годишниот Пјер Андре Жињак. Жињак е поранешен француски репрезентативец, играше за Марсеј, а од 2015 година е во Тигрес. Тој има дадено 12 гола на последните 13 меча и во неделното полуфинале ќе претставува голема опасност по голот на Палмеирас кој неодамна се закити со титула првак на Јужна Америка.

Во второто полувреме ќе игра Баерн Минхен, кој вечерва ќе го добие својот ривал, откако Ал Духаил и Ал Ахли ќе го одиграат својот меч. Ова се головите од првото четвртфинале:

- Оглас -

Најнови вести