Француски второлигаши даваа голови и полнеа џебови во Влае

Топ тикетот од изминатиот викенд доаѓа од Влае, со сочна добивка од 208.000 денари. Со влог од 1.000 денари, на „дубл-тикетот“  се чекаа гостинските победи на Ле Ман и Каен во рамките од16-тото коло во француската Лига 2 и донесоа радост во скопската населба.

Двете екипи триумираа по остварено водство во првото полувреме, додека во вториот дел се бараа барем по два погодоци во двата меча, со тоа што Ле Ман славеше со 3-1 кај Спортинг Клуб Лион, а Каен издржа и го доби гостувањето кај Данкирк со 3-2.

МАЈСТОРСКИ ТИКЕТ ОД ЈУГОТ КАКОВ ШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА

Рецептот до добивка од речиси 1.000 евра може да се најде во Гевгелија. Според овој рецепт, влогот е минимален, потребни се само 30 денари, но и „око“ за да се најдат четирите парови типувани во доста тешката комбинација, реми на полувреме и триумф на домаќинот при дадени два или повеќе погодоци.

За да се оствари мајсторијата, потребно е и да се има трпение, кое Сион го тестираше до последната минута од регуларниоте 90, за да поведе со 2-1 (0-0) против Вадуз. Доцна се чекаше и Рајо Валјекано, Бебе ја потврди победата до 2-0 над Лас Палмас во 86-тата минута, како последен пар од тикетот со прекрасна добивка од 59.194 денари.

Претходно АЗ Алкмар стигна до минималниот број голови уште на полувреме со Вилем Втори при нерешени 2-2, па на крајот славеше со убедливи 5-3.

ОВА БЕА ТРИТЕ „ЗИЦЕРИ“ ВИКЕНДОВ, АМА КОЈ ДА ГИ ЗАБЕЛЕЖИ…

Неизбежно е секој фудбалски викенд да не помине барем без еден кикс на некој од гигантите во топ 5 лигите во Европа, што ја отежнува работата на обложувачите. Сепак, има и типстери кои ги забележуваат „зицерите“ кои навидум не личат на такви.

Добар пример за тоа се трите пара на кои се ставени 200 денари, за добивка од 36.853 денари. Додека други се мислеа дали Евертон воопшто ќе го победи очајниот Арсенал, овој обложувач од Влае бил убеден дека тимот на Анчелоти ќе „тепа“, и тоа со остварено водство уште на полувреме, а во мечот ќе има и најмалку три гола.

Карамелите славеа со 2-1, додека со тој тип се погодени и победите на Сампдорија со 3-1 над Кротоне, односно Вилјареал на гости кај Осасуна со идентични 3-1.

 

- Оглас -

Најнови вести