Француски репрезентативец обвинет за трговија со луѓе

Францускиот фудбалски репрезентативец Лукас Ернандес заедно со неговата сопруга се најдоа под истрага по сериозните обвиненија за трговија со луѓе. Едно колумбиско семејство пријавило, па реагирала полицијата.

Според тужбата, семејството тврди дека двојката ги принудила да работат помеѓу септември 2024 и ноември 2025 година без законска работна рамка и без потпишани договори за вработување. Во тужбата се наведува дека секој член на семејството работел помеѓу 72 и 84 часа неделно, со екстремно долги работни денови и без регулирани работнички права.

Колумбиското семејство наводно го пријавило случајот во канцеларијата на јавниот обвинител во Версај, кој ќе ја утврди основаноста на обвиненијата и евентуалната кривична одговорност.

Досега ниту Лукас Ернандес ниту неговата сопруга јавно не коментирале за овие обвинувања, додека официјална реакција од надлежните институции се очекува во наредниот период.

Во тековната сезона Ернандес има 17 настапи за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, додека дресот на француската репрезентација го носел на 40 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести