Француските навивачи го гаѓаа Роналдо со шише „кока-кола“ (Фото)

Пластично шише со „кока-кола“ полета кон Кристијано Роналдо откако тој го прославуваше еден од синоќешните погодоци од пенал против Франција. Роналдо реши да се радува пред трибината каде што беа француските фанови, па тие го гаѓаа со шише со пијалок кој не му е омилен на Португалецот.

За среќа, шишето пролета неколку сантиметри покрај Роналдо.

Пред една недела, Роналдо на прес-конференција ги тргна шишињата со „кока-кола“ и порача наместо таков газиран сок, да се пие вода, по што акциите на моќната компанија драстично паднаа на берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести