Француските навивачи продолжуваат со инцидитентите, овој пат брутално се испотепаа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лориен славеа со 2:1 на гостувањето кај Брест во рамки на 10 коло во Лига 1, но во главната улога беа навивачите на двата тима кои брутално се испотепаа меѓу себе.

Веќе во 10 часот утринава, навивачите на двата тима се испотепаа на улиците низ Брест, летаа факели, но и боксови меѓу ултрасите, а најлошо помина еден фан кој беше опколен од противниците. Тие го удираа со раце и нозе, а потоа и со метален предмет.

Медиумите пренесуваат дека едно лице завршило во болница, а поради нередите бил прекинат јавниот превоз во центарот на градот.

- Оглас -

Најнови вести