Французинките отворија според очекувањата, а како денес ќе поминат Германија, Шпанија и Норвешка?

Франција вчера го отвори Светското првенство во фудбал за жени со голема победа од 4-0 над Јужна Кореја. Домаќинките стартуваа според очекувањата и ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит, а за денес се предвидени уште три натпревари во кои настапуваат репрезентации со ист статус.

Во 15 часот се игра првиот натпревар од денешната програма меѓу двократниот светски првак Германија и домаќинот од првото Светско првенство за жени, селекцијата на Кина. Германките се големи фаворитки, тоа го потврдуваат 10-те победи од вкупно 11 средби против азиската селекција, кои ги играле во различни натпреварувања низ историјата. Колкави фаворити се Германките всушност покажува и коефициенот 1.24 за „кец“ во Sport Life обложувалници, додека 11 квота е „двојката“ на Кина.

Три часа подоцна, односно во 18 часот играат Шпанија и Јужна Африка. Тоа ќе биде нивна прва средба, а репрезентативките на Црвената фурија треба да го покажат својот квалитет против селекцијата која нема остварено победа 10 меча во низа во сите натпреварувања. „Кецот“ на Шпанките е само 1.12, па јасно е зошто се апсолутни фаворити.

Вториот ден од женскиот Мундијал, или првиот во кој се играат повеќе натревари, ќе го затворат Норвешка и Нигерија во 21 часот. Светските шампионки од 1995 година досега двапати играле против женската селекција на Нигерија, во кои оствариле победи од 8-0 и 3-1. Бидејќи се апсолутни фаворитки, коефициентот за „кец“ на Норвешка е 1.23, иако во нивниот состав недостасува најдобрата фудбалерка на светот за изминатата година, Ада Хегерберг.

СП за жени прво коло групна фаза, втор ден:

15 часот Германија – Кина; 18 часот Шпанија – Јужна Америка; 21 часот Норвешка – Нигерија.

- Оглас -

Најнови вести