Французинот за првпат во кариерата се подготвува да игра надвор од Шпанија

Антоан Гриезман пред почетокот на оваа сезона повторно се врати во тимот на Атлетико Мадрид, каде што ги помина најубавите години од кариерата. Французинот е меѓу Јорганџиите и тоа како позајмен играч од Барселона, но некако не ја оправда довербата.

Најавите се дека Атлетико ќе се откаже од Гриезман, за кого интерес покажува тренерот на Тотенхем, Антонио Конте. Напаѓачот има договор со Барселона до 2024 година, што значи дека лондонскиот тим ќе мора да плати откупна клаузула ако го сака Гриезман во своите редови.

Барселона може да сака да го продаде фудбалерот кој има годишна плата од 18 милиони евра, со што каталонскиот гигант ќе го олабави буџетот. Доколку Тотенхем успее да го доведе докажаниот голгетер, тоа ќе биде првпат во кариерата Гриезман да игра во некој клуб надвор од Шпанија.

Кариерата ја започна во Реал Сосиедад, каде што помина пет сезони, потоа пет години играше во Атлетико Мадрид, а од 2019 година е член на Барселона. Гриезман има и 102 настапи за француската репрезентација во која досега постигнал 42 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести