Французите блескаа во ЛШ и покажаа дека не случајно се на крoвот на светот

Реал Мадрид повеќе од 70 минути беше со играч повеќе на дуелот против Аталанта, но дури во последните минути го скрши отпорот на противникот и на крајот победи минимално со 1:0. Кралевите се радуваа благодарение на фантастичниот погодок на Ферлан Менди.

Со шут од околу 20 метри, Менди одлично пласираше во мрежата на Аталанта за гостински триумф во Бергамо. Освен Менди, во првите мечеви од ЛШ блескаа уште неколку француски репрезентативци. Оливие Жиру во вторникот направи потег за восхит откако со „ножички“ успеа да му даде гол на Јан Облак, рушејќи ја една од најдобрите одиграни во Европа, таа на Атлетико Мадрид. Голот на Жиру беше доволен за Челзи да победи против мадридскиот гигант.

Минатата недела во ЛШ блесна и Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на Галските петли постигна хет-трик на гостувањето кај Барселона во победата на ПСЖ од 4:1 и секако е најзаслужен за речиси сигурниот пласман во четвртфиналето на францускиот првак.

Со вакви квалитетни фудбалери, кои решија три од осумте дуели во ЛШ, Франција потврди дека не случајно е актуелен светски првак. Освен доминацијата на француските фудбалери, тоа што беше карактеристично за првите осум меча е доминацијата на гостинските екипи, кои победија на седум средби. 

 

- Оглас -

Најнови вести