Французите го чекаат Меси: „Ако дојде на ОИ, треба жестоко да биде исвиркан“

Репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман на Олимписките игри кои летово ќе се одржуваат во Париз, а нивната цел е да го освојат и овој трофеј. Според правилата на Олимпијадата, дозволено е учество на играчите кои се родени во 2001 година и помлади, но селекторите имаат право да повикаат и тројца постари фудбалери.

Желбата на Аргентинците е еден од овие тројца да биде Лионел Меси, најдобриот фудбалер во историјата, но и поранешен фудбалер на ПСЖ, каде што и не помина баш најдобро. Освојувањето на трофејот во Париз би било и еден вид одмазда на Меси кон ПСЖ, но сè уште е неизвесно дали тој ќе прифати да настапи за Аргентина на ова натпреварување.

Ваквата можност прилично жестоко ја коментираше поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен, кој беше дел од Светците од 2004 до 2010 година.

„Не треба да го заборавиме тоа што тој не ни го даде. Како Французин, но и парижанин, да го гледам како маршира со Аргентина? Луѓе, исвиркајте го, да види дека не заборавате како две години се ‘шегуваше’ со нас. Рече дека било катастрофа да се живее во Париз и дека не го добил третманот што го очекувал. Глупости. Беше поголем и од Ајфеловата кула, исто како и Нејмар. Свекој Французин му оддаде почит кога пристигна. Очекуваш нешто за возврат, а ништо не си дал“, рече Ротен.

- Оглас -

Најнови вести