Примија 104 голови, беа убедливо најслаби, а ќе добијат над 100 милиони фунти за одиграната сезона

Англиската Премиер лига заврши познат е комплетниот распоред на табелата, а сега се пресметуваат парите кои клубовите ќе ги заработат за настапот во елитното друштво. Иако официјалните суми уште не се познати, англиските медиуми направија калкулација според тоа што беа ланските суми кои беа доделени на клубовите од Премиер лигата.

Според тоа, очекувано најмногу пари ќе добие шампионот Манчестер сити, а тоа што е помалку неверојатно е дека и екипата на Шефилд јунајтед која беше последна на табелата супер ќе се офајди. Шефилд имаше очајна сезона во која прими историски рекорден број на голови, дури 104, а освои само само 16 бодови. И по една ваква сезона се очекува шефилд да заработи над 100 милиони фунти за настапот во Премиер лигата.

Суми кои трба да ги добијат клубовите за настапот во Премиер лига: Манчестер сити 176,2 милиони фунти, Арсенал (172,2), Ливерпул (168,3), Астон вила (164,3), Тотенхем (162,9), Челзи (149,7), Њукасл (148,3), Манчестер јунајтед (151,9), Вест хем (138,7), Кристал Палас (138,1), Брајтон (133,3), Борнмут (137,7), Фулам (124,6), Вулверхемптон (129), Евертон (117,5), Брентфорд (118,6), Нотингем форест (120,5), Лутон (114), Барнли (111,7) и Шефилд јунајтед (103,6 милиони фунти).

 

 

- Оглас -

Најнови вести