Французите го молат Дешамп: Земи го Бензема на ЕП

Француските навивачи практично го молат Дидие Дешамп, селекторот на Франција, да го повика Карим Бензема во националниот тим за претстојното Европско првенство.

Францускиот весник „Л’Екип“ спроведе анкета на која Бензема доби 41% од гласовите, или беше шести напаѓач во изборот според гласови кој треба да добие место во составот на актуелниот светски првак.

Бензема од октомври 2015 година нема настапувано за Триколорите, но неговите одлични игри во дресот на Кралскиот клуб се доволна причина за француските фанови да застанат на неговата страна. Дешамп не е во добри односи со ѕвездата на Реал, па прашање е дали селекторот ќе одговори на оваа анкета и ќе ги закопа секирите со Бензема.

Лани Бензема беше втор најдобар стрелец во Ла Лига зад Меси, а и оваа сезона на 33 години игра на врвно ниво со учинок од 24 погодоци, 6 асистенции во вкупно 33 настапи за Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести