Французите полудеа, продажбата на дресови на репрезентацијата порасна за дури 2.400 пати!

Враќањето на Карим Бензема во француската репрезентација после пет и пол години, се покажува како одличен маркетиншки потег. Во Франција, земјата која е актуелен светски првак во фудбал, продажбата на дресовите на Триколорите пораснала за буквално неверојатни 2.400 проценти!

Популарноста на Бензема во Франција е голема, а откако се објави дека напаѓачот на Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 19, сите побрзаа да ја бараат неговата 19-ка и таа се продава „како алва“. Во минатото, Бензема на грбот имаше десетка, а сега го избра бројот 19.

На претстојното ЕП, Франција е во најтешката група, заедно со Германија, Португалија и Унгарија. На никого не му е сигурно местото во елиминациската фаза, а со Бензема, „галските петли“ добиваат екстра квалитет кој може да им помогне да ги пребродат искушенијата кои ги чекаат уште во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести