Французите се светски прваци, но клубовите им се за никаде

Националниот тим на Франција летово стана светски првак, но клубовите од земјата на „галските петли“ (Рен, Олимпик Марсеј и Бордо) не се баш за пофалба според резултатите кои ги имаат во Лигата на Европа.

Според бројот на освоени бодови во ЛЕ, само шест земји се послаби од Франција, но треба да се земе предвид дека Французите имаат три клуба. Помалку бодови од француските тимови имаат само претставниците на Кипар, Азербејџан, Белорусија, Словачка, Бугарија и Луксембург.

Повеќе бодови од француските клубови имаат освоено екипите од дури од 17 земји, меѓу кои Унгарија, Казахстан, Грција, Шкотска, Хрватска, Белгија, Австрија, Чешка, Русија, Турција, Украина, Швајцарија и Португалија. Се подразбира дека тука се и Германија, Шпанија, Англија, Италија.

Не блескаат француските тимови ниту во ЛШ. Пари Сен Жермен во моментов во својата група не е на позиција која води во осминафиналето, и тоа е катастрофа за клуб кој троши огромни суми пари, веројатно најмногу во Европа. Монако заборави да победува и за него успех би било ако продолжи во Лигата на Европа, а образот го обелува Лион, кој е во добра позиција да оди понатаму, иако ќе треба да се помачи во последните две кола против Манчестер сити и Шахтар.

- Оглас -

Најнови вести