Финалето од фудбалската Лига на шампиони во саботата вечерта почна со големо задоцнување поради хаосот пред влезовите на стадионот „Сен Дени“, каде што беа навивачите на Ливерпул и влегоа во конфликт со полицијата, која не ги пушташе да влезат без билети.
Фановите на Црвените ја обвинија УЕФА за лоша организација, а според француското Министерство за внатрешни работи, виновни се англиските навивачи кои имале лажни билети или воопшто немале билети.
Министерството за спорт треба да ги собере сите организатори и полицијата за да разговараат за пропустите кои не смее да им се повторат. В година во Франција се игра Светско прврнство во рагби, а во 2024 Париз е домаќин на Летните олимписки игри.

