„Фреди Кругер“ се појави во Казан, ја прослави победата на Рубин против Арсенал (Фото+Видео)

Несекојдневен навивач се појави во рускиот град Казан, каде екипите на Рубин и Арсенал Тула играа меч од руската Премиерлига. Рубин победи со 3-1, за задоволство на човекот кој на стадион дојде маскиран како познатиот филмски лик Фреди Кругер, кој е во главна улога во култниот хорот филм „Ноќна мора во улицата на брестовите“.

Повод за ова е Денот на вештерките кој се празнува во САД, а очигледно и на некои Руси им се допаѓа маскирањето во нешто што не е пријатно за гледање. Играчите на Рубин беа расположени и го прифатија „Фреди“ со кого ја славеа победата.

Најдобриот поединец на средбата, од Фреди Кругер доби честитка за добрата игра.

Снимка од прославата на победата во соблекувалната, може да видите тука.

- Оглас -

Најнови вести