Фрејзер и Трипие постигнаа деби голови за Њукасл, му го расипаа камбекот на Лампард во Премиер лигата (Видео)

Рајан Фрејзер и Киран Трипие постигнаа деби-голови за Њукасл во дуелот со Евертон за победа од 3:1 и му го расипаа камбекот на Франк Лампард како тренер во Премиер лигата.

По првото полувреме со два автогола на Лакселс и на Холгејт беше израмнето 1:1, а во продолжението Карамелите на Лампард беа нокаутирани со головите на Фрејзер и на Трипие.

Особено убав беше последниот гол на мечот што го постигна Трипие од слободен удар.

Вест хем со голот на Брус Бовен го победи Ватфорд со 1:0, а во тек е и последниот денешен меч од 24-тото коло во Премиер лигата меѓу Барнли и Манчестер јунајтед.

 

 

- Оглас -

Најнови вести