Френки, Френки, кој е резултатот?

Холандскиот плејмејкер Френки де Јонг минатото лето доби богата понуда од Манчестер јунајтед, но на крајот ја одби и остана во Барселона да игра за помала плата затоа што со тој клуб би играл Лига на шампиони.

На Де Јонг не му се допаѓаше идејата да потпише за клуб од Лигата на Европа, па не се пресели кај Црвените ѓаволи. Неколку месеци подоцна, Барса се пресели од ЛШ во ЛЕ, а судбината сакаше Каталонците во ова натпреварување да се сретнат против Јунајтед.

Англичаните ја елиминираа Барса, а навивачите не испуштија шанса да му фатат сеир на Холанѓанецот, па од трибините на „Олд Трафорд“ синоќа се слушаше скандирање „Френки, Френки, кој е резултатот?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести