Фудбал почна да игра во Севилја, навиваше за Реал, а сега е ѕвезда на Барселона

Гостувањето на Иван Ракитиќ на „Камп ноу“ како играч на Севилја ќе биде во центарот на вниманието на вечерашното дерби во шпанската лига, а не е толку познато за пошироката јавност дека првиот стрелец на каталонците, Ансу Фати, фудбал почна да игра токму во Севилја.

Фати кој е роден во Гвинеа Бисао пред 17 години, а потоа семејството му се пресели во близината на Севилја, сезонава воодушевува со игрите, има неверојатен потенцијал, а кога имаше 10 години се пресели во Барселона. Пред тоа, 15 месеци беше во Севилја за што сведочат и фотографии, а идол му бил Хезус Навас. Ансу има и двајца браќа кои играат фидбал: постариот Брахима е член на Барса, но позајмен  во Калахора, а малиот Мигел е во тимот на Барселона до 8 години, заедно со синот на Лео Меси.

Заминувањето на Фати од Севилја не било пријателско, па тој ако даде гол вечерва, сигурно ќе го прослави.

Фати како дете има играно неколку пријателски меча и за Реал Мадрид. Но, тимот од главниот град на Шпанија не го задржа во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести