Фудбал со публика се игра само во шест земји кои се во Топ-50 на листата на ФИФА

Бразилците на 10 јули ги отвораат вратите од стадионите за публика и ќе бидат прва земја во Јужна Америка во која во време на корона-вирусот, мечеви ќе се играат со присуство на гледачи. Бразил ќе биде само седмата земја на светот од Топ-50 на ранг-листата на ФИФА каде што ќе се игра со гледачи на трибините. Ќе се дозволи да биде пополнета една третина од капацитетот на стадионите.

Од фудбалските Топ-50 сили, фудбал со публика се игра во Данска, Швајцарија, Србија, Хрватска, Полска и Русија. Публика има и во Унгарија, Белорусија, Виетнам, Никарагва. Денеска во Софија се игра финалето на Купот на Бугарија и ќе има 12.000 гледачи.

Факт е дека навивачите во земјите каде што смее да има ограничен број гледачи, не се однесуваат исто. Во Данска публиката е максимално дисциплинирана и држи дистанца, гледачи има на секое трето-четврто седиште.

Во време на пандемијата, хит стана трибините да се пополнуваат со „картонски навивачи“. Ликовите на многу фанови се присутни на трибините.

На многумина дистанцата не им пречи да навиваат како група, иако не се залепени еден до друг како во „нормална“ ситуација.

Во Србија немаше лимит, трибините можеа да бидат и преполни, исто така е и во Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести