Фудбалер го преживеа искуството од филмот „Терминал“, 74 дена беше заглавен на аеродром

Фудбалерот од Гана, Ренди Џуан Милер, мина дури 74 дена на аеродромот во индискиот град Мумбаи и многумина ги потсети на херојот од филмот „Терминал” со Том Хенкс. Милер, кој има 23 години, речиси три месеци беше заглавен на аеродромот. Тој остана таму од 21 март до 3 јуни бидејќи летовите до Гана беа откажани поради пандемијата на корона-вирусот.

Милер бил сместен во аеродромскиот хотел и неговата приказна стана хит во светот. Сега, откако драмата заврши, фудбалерот им се заблагодари на сите кои му помогнале со давање пари, храна и телефон за да се јави дома. Тој најчесто се хранел со пржен леб и ориз.

Милер замина во Индија во ноември за да игра фудбал за клуб од Керала. Кога беше објавена пандемијата, се обидел да се врати во родната земја, но сите летови беа откажани и тој беше блокиран на терминалот.

„Дојдов во Индија со шестмесечна виза. Заработував 20-30 фунти по меч и ретко играв, а потрошив над 1.500 фунти за визата и авионските билети. Кога се прогласи пандемијата, си купив билет за Гана, но летовите беа откажани и останав на аеродромот со надеж дека ќе фатам некој лет. Тоа не се случи“, вели Милер.

- Оглас -

Најнови вести