Фудбалер му даде жолт картон на судијата, но тоа му се врати како бумеранг (Видео)

Рајан Брустер е фудбалер кој може да се пофали дека е актуелен европски првак. Минатата сезона тој седеше на клупата за резерви кај Ливерпул, а по победата во финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем, младиот играч си доби златен медал.

Бидејќи Рајан немаше никаква шанса да се избори за место во составот на Јирген Клоп, минатиот месец беше даден позајмица во Свонси. За доаѓањето на Брустер, Свонси плати четири милиони евра. Талентираниот играч веќе има два меча за Лебедите, а на мечот против Престон го даде голот во ремито 1:1.

Освен погодокот, гостинскиот играч имаше и еден потег кој насмеа многумина. Во еден момент на главниот судија му испадна жолтиот картон на тревата, а Брустер го зеде картонот и одејќи кон судијата, му покажа жолт картон на арбитерот. Секако тоа беше на шега прифатено, а само неколку минути подоцна делителот на правдата му покажа жолт картон токму на играчот на Свонси, и тоа поради остар старт на средината на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести