Фудбалер на Алавес постигна еден од најкомичните автоголови (Видео)

Двата натпревари од Ла Лига кои се одиграа вечерва завршија без победик и со идентични 1-1.

Фудбалерот на Алавес, Рафа Марин, во 35-тата минута постигна еден од најкомичните автоголови во фудбалот и му донесе водство на противникот од 1-0. Сепак, Селта Виго подоцна остана со фудбалер помалку откако Де ла Торе доби црвен картон, а Алавес со голот на Саму израмни на 1-1.

И дуелот помеѓу Гранада и Бетис заврши со 1-1. За разлика од мечот помеѓу Селта и Алаваес, тука гостите први дојдоа во водство, и тоа преку Дијао во 51-вата минута. Голот за бод за Гранада го постигна Боје во 67-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести