Фудбалер на Арсенал херојски се бореше против двајца крадци кои имаа бејзбол палки и сакаа да го ограбат (ФОТО+ВИДЕО)

Габриел, фудбалерот на Арсенал, може да биде навистина среќен што мина без никакви повреди по инцидентот што се случил во неговата куќа.

Тој при враќањето во својот дом беше пресретнат од двајца крадци коишто маскирани и со бејзбол палки ги бараа клучевите од неговата кола, паричникот и телефонот.

Тој беше нападнат од еден од крадците, а по голема борба со нив, тие се одлучиле да побегнат и, за среќа, освен шок, не успеале да нанесат никакви повреди кон играчот.

Тој ќе биде способен да игра утревечер, кога Арсенал ќе се соочи со Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести