Фудбалер на Баер ги шокира сите: „Штета што Чаби ќе остане“

Актуелниот лидер на табелата во Бундеслигата, екипата на Баер Леверкузен, и следната сезона ќе биде предводена од шпанскиот стратег Чаби Алонсо. Тој на големо задоволство на сите во клубот, но и на навивачите, одлучи да ја продолжи соработката и да ги одбие понудите од Баерн Минхен и Ливерпул.

Сепак, не се сите задоволни од ваквата одлука на шпанскиот тренер. Репрезентативецот на Хрватска, Јосип Станишиќ, ја шокира целата Германија со својата изјава дека не е среќен што Алонсо останува во Баер.

„Мило ми е што е среќен овде. Но за мене тоа е штета, секако. Вистината е дека посакував друг исход. Штета што ќе остане, посакував да оди во Баерн“, рече Станишиќ.

Сепак, Хрватот кој е роден во Германија има договор со Баерн Минхен до 2026 година, а во Леверкузен настапува како позајмен фудбалер, па од налето повторно ќе го облече дресот на Баварците.

- Оглас -

Најнови вести