Фудбалер на Баерн побара помош од оперски пејач за да може погласно да вика по соиграчите на терен

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, откри дека работи со оперски пејач за да може подобро да се слуша на теренот.

Упамекано за магазинот „Билд“ откри дека имал проблеми да зборува гласно на теренот за да го слушнат соиграчите.

„Често имам воспаление на грлото по натпреварите. Поради тоа побарав помош, ги подобрив гласовните можности по работата со оперски пејач. Пеевме заедно и ме учеше како да го вежбам гласот. Сега можам гласно да зборувам и да давам инструкции на теренот“, изјави Упамекано.

- Оглас -

Најнови вести