Фудбалер на Баерн признава: Невозможно е да се чува Халанд, тој ќе стане легенда

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, призна дека тој и соиграчите не успеале да го запрат напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ, кој заврши со триумф на Граѓаните од 3:0.

„Халанд ќе стане легенда. Невозможно е да се запре, не му можете ништо. Тој е брз, силен и е паметен фудбалер. Играв против него во Бундеслигата и моето мислење не се промени ниту сега, Халанд е невозможно да се чува“, изјави Дејвис.

Халанд на вчерашниот натпревар постигна еден гол и имаше една асистенција, додека сезонава на 39 натпревари постигна 45 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести