Фудбалер на Баерн три години чекаше и конечно дочека, си доби дрес од Меси

Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 0:1 како гостин во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а еден од играчите на германскиот шампион овој дуел ќе го памети и по уште еден момент, си доби дрес од Лионел Меси.

Тоа е канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис, кој три години чекаше да добие дрес од Меси.

Имено, Дејвис беше дел од тимот на Баерн кој пред три години ја декласира Барселона со 8:2 во Лигата на шампионите и по натпреварот го побара дресот од Аргентинецот. Но, Меси шокиран од дебаклот, одби да го размени дресот.

Вчера, Дејвис повторно го побара дресот на Меси и овојпат Аргентинецот му ја исполни желбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести