Фудбалер на Барселона доби тежок удар, почна да се гуши, па беше изнесен на носилки (Видео)

Фудбалерите на Барселона иако доминираа, сепак и трет натревар по ред остануваат без победа во Ла Лига. „Каталонците“ загубија на домашен терен од Лас Палмас со 1-2, а во 24-тата минута од мечот останаа и без Алехандро Балде, кој мораше да го напушти теренот.

Тој се судри со двајца фудбалери на Лас Палмас и доби доби удар во вратот, по што почна да се гуши и не можеше да се исправи на нозе. Лекарскиот тим веднаш реагираше и тој беше изнесен од теренот, а се уште се очекува дијагнозата и што точно се случи со дефанзивецот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести