Фудбалерот на Динамо Москва, Вјачеслав Грулев, на два натпревари по ред во руската Премиерлига им задава удари на противниците по кои кај нив се утврдува скршеница на носна коска.
Грулев кој денеска влезе во игра во 17-та минута, за фаулите добиваше жолти картони. Денешна жртва на грубиот Грулев беше Србинот Иван Миладиновиќ од Сочи, додека во претходното коло настрада Вадим Карпов од ЦСКА Москва.
Иако Миладиновиќ ударот во нос го прими во 49-та минута, а иако крвавеше, средбата ја доигра до крај, а после мечот беше сниман и се утврди дека има скршеница.