Иако неговиот тим е „тиња“ – Фудбалер на Евертон покажа каков мајстор е (ВИДЕО)

Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон покажа дека располага со навистина голем фудбалски потенцијал.

Иако неговиот тим се мачи во борбата за опстанокот, а неговите соиграчи играат навистина очајно, тоа не му пречи на Бразилецот да ја забавува публиката.

Тој на вчерашната средба против Брентфорд, имаше прием со грб по една долга топка, на воодушевување на публиката. Но, сето тоа беше при резултат од 2:1 за Евертон па затоа и немаше негативни реакции. „Карамелите“ ја загубија оваа средба и ќе треперат во последното коло за опстанок.

Доколку испаднат во Чемпионшип, тогаш јасно е дека Бразилецот ќе си замине од „Гудисон парк“.

- Оглас -

Најнови вести