Фудбалер на Милан лут по отказот на Малдини, се сели во Манчестер јунајтед?

Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Тео Ернандес, планира да си замине од „Сан Сиро“ по отказот на спортскиот директор Паоло Малдини.

Сопствениците на Милан ги налутија навивачите на Росонерите што по завршувањето на сезоната во Серија А, му врачија отказ на Малдини, но во исто време налутија и дел од ѕвездите на екипата.

https://twitter.com/centredevils/status/1669617984074297344?s=20

Францускиот репрезентативец Тео Ернандес, според италијанските медиуми, нема ништо против да си оди од Милан и да се пресели во Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи за овој трансфер ќе мора да одвојат 60 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за англискиот тим.

Ернандес во Милан дојде до 2019 година од Реал Мадрид, а сезонава одигра 45 натпревари и беше еден од најдобрите играчи на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести