Фудбалер на Селта доби затворска казна од четири години поради сексуален напад

Еден од најдобрите играчи на Селта Виго, Санти Мина, доби четиригодишна затворска казна поради сексуален напад врз жена во 2017 година.

Судот во Алмерија ја донесе оваа одлука, додека одбраната најави жалба на одлуката.

Во 2017 година Санти Мина со својот другар биле на одмор кога се случил овој громорозен чин, а откако девојката го пријавила случајот во полиција, се отвори истрага, додека во изминативе години му беше дозволено на Мина да игра.

Тој сега има 26 години, а во тоа време кога го направи злосторството играше за Валенсија, тим за којшто одигра 117 натпревари и постигна 25 погодоци.

Додека во редовите на Селта Виго пристигна во 2019 година и оттогаш забележа 101 настап и 25 пати ја затресе противничката мрежа.

По овој скандал и по одлежувањето на казната, Мина би имал 30 години и тешко е за верување дека некој од клубовите би сакал да го ангажира.

- Оглас -

Најнови вести