Фудбалер на Севилја има корона-вирус, а за една недела треба да играат против Рома

Еден играч на Севилја е позитивен на корона-вирус. Името на фудбалерот не е откриено, но веројатно нема да може долго да се крие бидејќи тој играч иако се чувствува добро и нема симптоми, изолиран е дома и не тренира, па ќе се види на утрешниот тренинг кој поединец ќе недостасува.

Ова е сериозен проблем за екипата на тренерот Хулен Лопетеги бидејќи на 6 август во германскиот град Дуизбург, Севилја треба да игра против Рома во осминафиналето од Лигата на Европа.

Тестирањето било направено на 27 јули, а согласно протоколите, сега ќе следува ново ПЦР тестирање на сите членови на првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести