Фудбалер на Тотенхем суспендиран на седум натпревари поради расизам!

Родриго Бентанкур, фудбалерот на Тотенхем, е суспендиран на седум натпревари од страна на дисциплинската комисија на Премиер лигата, и тоа поради расизам. Казната за Бентанкур е поради навреди кон корејскиот народ откако во телевизиско гостување се шегуваше на сметка на неговиот соиграч Хеунг-мин Сон.

Водителот во емисијата му побара дрес од Сон, а коментарот на Бентанкур беше дека може да му даде дрес и од некој негов риднина бидејќи сите изгледаат исто. Фудбалерот подоцна му се извини на соиграчот, а Сон го прифати извинување и кажа дека јасно му е дека се работело за шега.

- Оглас -

Најнови вести