Фудбалер на Валенсија уапсен поради полов напад врз две девојки

Рафа Мир, фудбалерот на Валенсија, доцна синоќа бил уапсен и ноќта ја минал во притвор откако две девојки пријавиле полов напад. Девојките на возраст од 25 години биле нападнати во домот на фудбалерот на Валенсија од страна на Мир и негов пријател.

Двајцата ноќта ја минале во притвор, а денес ќе бидат изнесени пред истражен судија. Двете девојки се хоспитализирани.

Рафа Мир во Валенсија настапува како позајмен од Севиља, а во клубот дознале за инцидентот откако фудбалерот не се појавил на денешниот тренинг.

- Оглас -

Најнови вести