Фудбалер не сакал да учествува во местење според кое требало да добие црвен картон

Жан Бариентос, играчот на грчкиот прволигаш Волос, пријави дека бил цел на луѓе кои од него барале намерно да добие црвен картон. Се работи за дуелот на Волос против Олимпијакос, а од Бариентос било побарано да добие црвен картон.

Човекот кој тоа го побарал од играчот е неговиот агент Јоргос Цурис. Наводно, на Бариентос му биле понудени 40.000 евра за да биде исклучен во дуелот со Олимпијакос, но тој не се согласил на такво нешто и решил јавно да проговори за целиот случај.

Се верува дека целата ситуација била за да може некој добро да заработи во обложувалниците на играта дека ќе има црвен картон. Олимпијакос победи со 4:0, а Бариентос го одигра целиот меч. Во 81-вата минута овој фудбалер добил жолт картон, но не бил исклучен како што било побарано од него.

- Оглас -

Најнови вести