Фудбалер од Англија со молба: „Прекинете со влегувања на теренот, може некој да биде прободен

Англија изминативе недели се соочува со голем број на влегувања на навивачите на терените, каде што бевме сведоци на неколку инциденти.

По тој повод, неколку фудбалери се огласија по медиумите, а еден од нив беше и Трој Дини, некогашниот играч на Ватфорд.

„Во овие денови, кој сака може да влезе на теренот и да направи хаос. Фудбалерите мора да се заштитат, а стјујардите едноставно се немоќни.

Затоа имам молба до навивачите да не влегуваат на теренот, бидејќи некој од нив, или пак од фудбалерите може да биде прободен со нож. Се надевам дека овој лош тренд ќе биде запрен во наредната сезона“ изјави Дини.

- Оглас -

Најнови вести