Фудбалер претепа директор на клуб откако му кажале дека мора да си оди

Директорот на романскиот прволигаш Херманштат, Разван Замфир, заврши во болница откако беше нападнат и претепан од хрватскиот фудбалер Филип Јазвиќ, кој е дел од овој клуб. Замфир, кој го има прекарот Романски Моџи, му соопштил на Јазвиќ дека е вишок во клубот и дека треба да си замине.

Хрватот, кој во јануари стигна во Херманштат од тимот на Сараево, во романскиот тим одигра 17 меча и даде два гола. Сепак, кога слушнал дека сега треба да си замине, Јазвиќ збеснал и најпрво почнал да го навредува Замфир, а потоа и физички го нападнал. Поради здобиените повреди, директорот завршил во болница.

„Не можам да верувам што се случи. Долго време го познавам Филип. Со години имавме одлични односи уште од времето кога играше во Клуж. Шокиран сум, не можам да го објаснам овој негов потег. Во клубот имаме 30 играчи, а во план беше бројот да биде намален на 23. Затоа некои играчи мораше да си заминат. Јазвиќ имаше активен договор и тој ќе ги добиеше своите пари. Му реков дека клубот веќе не смета на неговите услуги, но дека ќе му помогнеме да најде нов ангажман. Тогаш тој здиве“, ја објасни целата ситуација претепаниот Замфир.

 

- Оглас -

Најнови вести