Фудбалери на Ѕвезда со оригинална порака до навивачите (Видео)

Четворица играчи на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда смислија оригинален начин за да ги анимираат и да ги повикаат фановите да дојдат на стадионот „Рајко Митиќ“ и да им дадат поддршка во дербито со Раднички Ниш. Лидерот Ѕвезда и вториот Раднички ги делат 4 бода, па белградските „црвено-бели“ ако победат, ќе направат голем чекор кон нова титула.

Вујадин Савиќ, Филип Стојковиќ, Марко Гобељиќ и Горан Чаушиќ пред тренинг купија потребен материјал, а потоа направија покана која подоцна е изнесена на помошниот терен од страна на играчите и стручниот штаб.

На транспарентот напишаа: „За титулата да биде наша, потребна ни е поддршката ваша. 13 април“.

- Оглас -

Најнови вести