6.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Фудбалерите до 20 години подобри од Лихтенштајн, Данев двоен стрелец

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години, предводена од Александар Таневски, забележа убедлива победа од 0-3 на пријателскиот натпревар против Лихтенштајн. Ова беше прв меч за оваа новоформирана селекција, а сите голови беа постигнати во вториот дел.

Резултатот го отвори Величковски во 52-рата минута, а само пет минути подоцна Данев го зголеми водството.

Конечниот резултат од 0-3 го постави Данев со својот втор во 78-мата минута, кога на прекрасен начин изведе слободен удар.

- Оглас -

Најнови вести