Фудбалерите до 23 години доминираат на трансфер-пазарот

Еден Азар, Антоан Гриезман и Ферлан Менди се единствените фудбалери над 23 години кои досега направија богати трансфери ова лето. Клубовите не жалат пари во своите редови да донесат играчи кои би можеле да играат уште долго, а еден од нив беше и Елиф Елмас, за кого Наполи на Фенербахче му плати 16 милиони евра.

Сепак, во европски рамки гледано, тој трансфер е и скромен со оглед на тоа какви суми беа потрошени за некои други фудбалери кои имаат 23 или помалку години.

Во топ 10 трансфери на млади играчи до 23 години летово, сите се со околу 45 или повеќе милиони евра, што е трипати повеќе од парите кои се платија за Елмас.

Првото место го држи Жоао Феликс со 126 милиони евра, потоа следуваат: Матајс де Лихт со 85 милиони, Лукас Ернандес со 80, Френки де Јонг со 75, Родри со 70, Лука Јовиќ, Арон Ван Бисака и Танжи Ндомбеле со по 60, Едер Милитао со 50, речиси исто колку и Јури Тилеманс.

- Оглас -

Најнови вести